ЗА НАС / КОНТАКТ

Здружението за индивидуален, организациски и општествен развој РАСТ И РАЗВОЈ Скопје еосновано во Септември 2014 година, од група професионалци во областите образование инаука, култура и уметност, спорт и бизнис/претприемништво, со мисија „граѓаните воРепублика Македонија да достигнат третман на достојни и рамноправни граѓани на Европа исветот, да живеат во добросостојба, да имаат можности да го развиваат и искористат својотпотенцијал, да бидат активни учесници во едно современо и перспективно општествo,истовремено придонесувајќи за негов понатамошен развој и опстанок“.

РАСТ И РАЗВОЈ Скопје е особено препознатливо во јавноста по „Студијата за млади воСеверна Македонија 2018/2019“ (проект финансиран во рамки на Фридрих Еберт Фондацијата- канцеларија во Скопје), која што служи за креирање на национални политики од областа намладите во земјата (животен стил, семеен и социјален живот, образование, вработување,граѓански активизам, политичка партиципација, итн.), но секако и за развој на научнаталитература од перспектива на општествените науки – на домашно, регионално и меѓународнониво.


Контакт
ул. Кеј 13. Ноември 18/28
1000 Скопје
developmentmkd@gmail.com
Тел. +38978336366

Facebook