ПРАВИЛА

Право на учество има секој редовен ученик од 4то до 9то одделение од училиштата учесници во проектот, кој предходно ќе биде пријавен за натпреварот од страна на одговорниот професор во своето училиште.

Секое училиште треба да пријави најмалку 30, но не повеќе од 40 ученици. Дозволено е една група од исти ученици да учествува во текот на двата циклуса, но дозволено е и да се пријави една група на ученици за првиот циклус (03.фев. – 10.мар.), а друга за вториот циклус (22.мар. – 23.апр.)

На почетокот на секој циклус, на веб страната се објавуваат одреден број на предизвици од областа на физичкото и здраственото образование. Секој ученик самостојно одбира предизвик од веб страната, го гледа видеото и ги чита инструкциите за да знае што точно треба да направи, а потоа се обидува да го реализира предизвикот.

По реализирањето на предизвикот, во зависност од самиот предизвик, ученикот треба да испрати видео како доказ за успешно завршениот предизвик. Одговорните професори од секое училиште може да учествуваат во натпреварот и да испраќаат нивни видеа од завршените предизвици.

Видеата МОРА да се испратат преку формата која може да се најде на веб страната под секој предизвик. Видеа испратени преку емаил нема да се прифаќаат.

Испраќање на навредливи или несоодветни видеа фотографии ќе биде веднаш пријавено до одговорните професори и директори од соодветното училиште и ќе биде најстрого санкционирано.

Испратените видео материјали  НЕМА ДА БИДАТ ОБЈАВЕНИ од страна на организаторот ниту на оваа веб страна ниту на други социјални медиуми.

На крајот на проектот, дел од испратените видео материјали ќе бидат искористени при креирањето на промотивно видео за проектот.

Учениците (и професорите) добиваат поени за секој успешно завршен предизвик. Бројот на поени кои може да се освојат за секој предизвик е точно назначен во описот и инструкциите за секој предизвик поединечно.

Поени се доделуваат само за успешно и правилно завршен предизвик, без да се оценува техниката при изведбата на предизвикот. Доделувањето на поените за поднесените видеа го прават организаторите на проектот. Одговорните професори од секое училиште имаат право да побараат појаснување за начинот на кој се доделени поени за некој од нивните ученици во случај да има потреба за тоа.

Учениците се поттикнуваат да реализираат што е можно повеќе предизвици зададени за секој циклус. Дополнителни 10% од освоените поени се доделуваат на секој ученик (и професор) кој успешно ќе ги заврши сите 15 зададени предизвици за дадениот циклус.

Учениците (и професорите) се натпреваруваат и освојуваат поени индивидуално и тимски за своето училиште.

Рангирањето се врши врз основа на освоените поени, а учениците и училиштата со освоени повеќе поени се рангираат повисоко на ранг листата.

Во случај на ист број на бодови, при рангирањето се користи вкупниот број на реализирани предизвици како дополнителни критериум (колку повеќе реализирани предизвици, толку подобро рангирање). Ако и според овој дополнителен критериум учесниците имаат ист број на бодови, тогаш се рангираат на исто место.

Освојувањето на поени е кумулативно, со што поените освоени од учениците и / или училиштата во првиот циклус се додаваат на поените освоени во вториот циклус.

Посебни ранг листи ќе бидат објавувани за индивидуалниот и тимскиот натпревар.

Секој ученик (и професор) учествува на индивидуалниот натпревар со поените кои тој / таа ги освојува со реализирањето на предизвиците во текот на циклусот. За да се квалификува за индивидуалната ранг листа, секој ученик мора да реализира најмалку 3 предизвици.

Сите освоени поени од учениците (и професорите) од едно училиште се собираат и се сметаат како освоени поени за тоа училиште.

Со цел да се обезбеди фер натпревар, за училиштата што ќе пријават повеќе од 30 ученици, ќе се сметаат бодовите на најдобро рангираните 30 ученици од тоа училиште (ученици со најголем број бодови).

Организаторот обезбедува:
* Сертификати за учество за сите учесници во проектот / натпреварот кои ќе реализираат најмалку три предизвици.
* Сертификати за учество за сите училишта учесници во проектот / натпреварот.
* Мини пакети со спортска опрема за вежбање како награда за најдобро рангираните 30 учесници од индивидуалната ранг листа

Ранг листите за индивидуалниот и тимскиот натпревар се објавуваат во понеделник, на почетокот на секоја недела, со поени освоени од реализирани предизвици за кои видеа ќе бидат испратени најдоцна до 18:00 часот во петок од предходната недела. Поените освоени од видеата испратени по 18:00 часот во петок ќе се сметаат при рангирањето за следната недела.

Само видеа за реализирани предизвици поднесени најдоцна до 24:00 часот на 10 март (за првиот циклус) и 24:00 часот на 23 април (за вториот циклус) ќе се земат во предвид при доделување поени и рангирање за соодветниот циклус.

Нема да биде овозможено поднесување на видеа по крајниот рок определен за секој циклус.