Предизвик 9 (2 поени)

1. За овој предизвик ви се потребни: две парички (од 1, 2, 5 или 10 денари) и еден ѕид;
2. Поставете се на околу 40 -50 цм од ѕидот свртени со грбот кон ѕидот;
3. Потпрете се до ѕидот во положба како да „седите“ на стол и ставете ги рацете исправени покрај телото, со дланките допирајќи го ѕидот;
4. Натколениците се паралелни со подот, а потколениците се паралелни со ѕидот;
5. Ставете по една паричка на горната страна од колената и внимавајте да не ви паднат долу;
6. Предизвикот е да останете во таа позиција најмалку 45 секунди и паричките да ви останат на колената
7. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

 

ВНИМАВАЈТЕ
– Многу е полесно да го реализирате овој предизвик ако сте боси на подот (не на тепих) бидејќи стопалата нема да ви се лизгаат
– Натколениците мора да останат паралелни со подот и паричките да останат на колената. Ако паричката/е паднат, ќе мора да почнете од почеток.

ПОЕНИ
2 поени за успешно реализиран предизвик;

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 3 февруари - 10 март е завршено