Предизвик 8 (2 поени)

* по идеја на наставник Валентина Караѓуле

1. За овој предизвик потребни се: шест (6) пара чорапи, една пластична канта или кофа и соодветен простор дома
2. Поставете ја кантата на подот, на растојание од три (3) ваши нормални чекори застанете свртени кон кантата, и ставете ги сите шест пара на чорапи на подот до вашите нозе;
3. Подигнете ја едната нога, и одржувајте рамнотежа стоејќи само на другата нога;
4. Со едната рака земете еден пар чорапи од подот и фрлите го во пластичната канта.
5. Повторете го тоа со сите останати 5 пара на чорапи.
6. Предизвикот е да успеете да ги уфрлите сите шест (6) пара чорапи во пластичната канта во рок од една минута успешно одржувајќи рамнотежа додека стоите на една нога;
7. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

ВНИМАВАЈТЕ
– Полесно ќе одржувате рамнотежа ако не брзате и ако сте фокусирани;
– Ќе мора да почнете од почеток ако изгубите рамнотежа и ако го допрете подот со другата нога или со раката;

ПОЕНИ
2 поени за успешно реализиран предизвик во рок од една минута;

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 3 февруари - 10 март е завршено