Предизвик 7 (2 поени)

1. За овој предизвик потребни се: две (2) пластични кеси и малку простор во домот;
2. Земете ги двете празни кеси во една рака, држејќи ги за долниот дел / дното (не за рачките);
3. Почнете наизменично да ги потфрлате кесите (прво едната, па другата) пред вашето тело и глава;
4. Продолжете така наизменично да ги потфрлате кесите, користејќи ја само едната рака,без да дозволите кесите да ви паднат на подот.
5. Ова е многу полесно да се демонстрира, отколку да се опише со зборови, па затоа погледнете го видеото;
6. Предизвикот е да направите 20 континуирани (без прекин) жонглирања со кесите, наизменичмно фрлајќи ја едната па другата, користејќи ја само едната рака во рок од 1 минута;
7. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

 

* Можете да започнете држејќи ги кесите во десната или левата рака !

ВНИМАВАЈТЕ
– Добра идеја е на почетокот да започнете да го вежбате потфрлањето и фаќањето на една кеса, па потоа да вежбате со две кеси.
– Ако една од кесите ви падне на подот, ќе морате да почнете од почеток.

ПОЕНИ
2 поени за успешно реализиран предизвик – 20 континуирани (без прекин) жонглирања со кесите, по одредениот редослед во рок од 1 минута;

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 3 февруари - 10 март е завршено