Предизвик 6 (2 поени)

1. За овој предизвик потребни се: две маици со кратки ракави, кревет или столица и соодветен простор дома
2. Облечете ги двете маички;
3. Завземете положба со лицето свртни кон подот, подигнете ги нозете на креветот или столицата, дланките поставете ги на подот во ширина на рамениците, а рацете и телото држете ги исправени;
4. Од таа положба обидете се да ја соблечете едната маичка, а потоа повторно да ја облечете
5. Предизвикот е да го направите ова во рок од 1 минута
6. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

ВНИМАВАЈТЕ
– Користете ги наизменично и двете раце за да ја соблечете маичката;
– Едната маичка мора да остане облечена во текот на целата вежба / предизвик;

ПОЕНИ
2 поени за успешно реализиран предизвик во рок од една минута;

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 3 февруари - 10 март е завршено