Предизвик 5 (1 поен)

1. За овој предизвик потребни се: еден пар чорапи, две тетратки или книги (во било која големина) и соодветно место каде можете да го реализирате предизвикот;
2. Држете една тетратка/книга во десната и една во левата рака;
3. Ставете го парот чорапи на десната или левата тетратка / книга и почнете да жонглирате користејќи ги наизменично десната и левата тетратка/книга;
4. Предизвикот е да успеете да направите најламку 15 или повеќе континуирани (без прекин) жонглирања;
5. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

ВНИМАВАЈТЕ
– Ќе имате повеќе успех во овој предизвик ако додека жонглирате, го фокусирате погледот на чорапите и не ги удирате ниту прејако, ниту преслабо;

ПОЕНИ
1 поен за успешно реализиран предизвик;

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 3 февруари - 10 март е завршено