Предизвик 3 (1 поен)

1. За овој предизвик потребни се: два пара на чорапи (или две мали топчиња) и соодветен простор во домот;
2. Земете еден пар чорапи во десната и еден пар чорапи во левата рака;
3. Рацете вкрстени испружете ги пред телото во висина на градниот кош, држејќи ги чорапите одозгора (дланките се свртени кон подот)
4. Истовремено пуштете ги чорапите, и обидете се да ги фатите пред да паднат на земјата но овојпат со другата рака.
5. Значи ако едниот пар чорапи сте го држеле со десната рака, откако ќе го пуштите треба тој ист пар чорапи да го фатите со левата рака и обратно.
6. Предизвикот е да го направите ова, да ги пуштите и фатите чорапите, 3 пати по ред, без да ви падне ниту еден пар чорапи на земјата;
7. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

ВНИМАВАЈТЕ
– Предизвикот изгледа полесен од што навистина е, но со малку труд и вежба можете без проблем да го реализирате.

ПОЕНИ
1 поен за успешно реализиран предизвик во рок не повеќе од 1 минута

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 3 февруари - 10 март е завршено