Предизвик 28 (3 поени)

1. За овој предизвик потребни се: јаже за скокање (можете да користите било какво јаже кое го имате дома) и соодветен простор во домот или надвор каде што можете да скокате;
2. Застанете во почетната позиција, држејќи ги краевите на јажето, рацете исправени и поставени надолу покрај телото, а јажето го допира подот;
3. Кога ќе бидете подготвени да започнете, подигнете ги рацете нагоре, завртете го јажето преку главата и започнете со скокањето;
4. Предизвикот е да направите 15 или повеќе скокови скокајќи само на една нога (десна или лева) во рок од не повеќе од една минута;
5. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

ВНИМАВАЈТЕ
Најчеста грешка која се прави е пренагласено свиткувањето на колената. Многумина мислат дека така е полесно, но сепак тоа е погрешно.

ПОЕНИ
3 поени за успешно реализиран предизвик во рок од не повеќе од една минута;

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 22 март - 23 април е завршено