Предизвик 26 (3 поени)

1. За овој предизвик потребни се: дршка од метла (може и стап, сукало…) и соодветен простор во домот;
2. Во почетната положба поставете ја дршката пред вас и фатете ги краевите со двете раце така што дланките се насожени напред;
3. Од таа положба подигнете ги нозете преку дршката (една по една) и завршите во позиција кога дршката е позади вашето тело со дланките повторно насочени нанапред;
4. Сега префрлете ја дршката преку главата и донесeте ја пред телото (нека растојанието помеѓу рацете што ја држат дршката биде поголемо ако имате проблем да ја префрлите нанапред);
5. Подигнете ја едната нога, префлете ја преку дршката, а потоа ставете ја таа нога помеѓу дршката и раката и повторно спуштете ја ногата долу;
6. Од оваа положба продолжете го движењето со дршката преку и околу вашата глава носејќи ја дршката во нова положба, помеѓу вашите нозе;
7. Од таа положба префрлете ја другата нога преку дршката и завршете го движењето во почетната положба кога дршката ја држите пред вас со дланките насочени напред;
8. Ова е многу полесно да се демонстрира, отколку да се опише со зборови, па затоа погледнете го видеото;
9. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

ВНИМАВАЈТЕ:
Предизвикот изгледа полесен од што навистина е, но со малку труд и вежба можете без проблем да го реализирате;
Немојте да ја отпуштате дршката и држете ја со двете раце од почетокот до крајот на движењето;
Ако во некој момент ја отпуштите дршката со една од рацете, тогаш ќе треба да почнете од почеток;

ПОЕНИ
3 поени за успешно реализиран предизвик

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 22 март - 23 април е завршено