Предизвик 25 (2 поени)

1. За овој предизвик потребни се една топка со средна големина и соодветен простор за реализација на предизвикот;
2. Завземете положба со лицето свртени кон подот, нозете исправени во колениците, двете стопала раширени, дланките поставени на подот во ширина на рамениците, а рацете и телото држете ги исправени.
3. Потоа со едната рака (лева или десна) земете ја топката и подигнете ја нагоре носејќи ја во положба високо горе над телото и главата;
4. Кога ќе бидете подготвени пуштете ја топката позади вашето тело така што таа ќе отскокне од другата страна, блиску до другата рака која се наоѓа поставена на подот;
5. Брзо вратете ја на подот раката со која ја подигнавте и пуштивте топката, и прифатете ја топката со другата рака пред таа да отскокне втор пат.
6. Направете го истото и на другата страна користејќи ја другата рака;
7. Предизвикот е да ја направите вежбата и на двете страни по два пати (вкупно четири пати) без притоа топката да отскокне од подот двапати по ред;
8. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

ВНИМАВАЈТЕ
Остварувањето на предизвикот ќе биде полесно ако одберете топка што отскокнува повеќе од подот;

ПОЕНИ
2 поени за успешно реализиран предизвик;

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 22 март - 23 април е завршено