Предизвик 23 (2 поени)

* Идеја и видео на наставник Марјан Дишлиевски
ООУ „Браќа Рамиз-Хамид“ – Шуто Оризари, Скопје

1. За овој предизвик ви е потребна една топка (или помала перница) и соодветен простор за реализација на предизвикот;
2. Легнете на грб со исправено тело и држете ја топката (или перницата) со двете раце над главата;
3. Од таа положба, држејќи ја топката (или перницата) со двете раце, исправете го телото во седечка положба, ставете ја топката (или перницата) помеѓу стопалата и вратете го телото назад во лежечка положба со рацете над главата;
4. Потоа кренете ги нозете и стопалата заедно со топката (или перницата) нагоре, над главата и кон рацете, превземете ја топката (или перницата) со рацете и вратете ги нозете во почетната положба;

5. Предизвикот е да направите пет (5) такви циклуси од предавање на топката (или перницата) од вашите раце на вашите нозе и обратно за време од период од 1 минута;
6. Видеото ќе ви помогне подобро да го разберете предизвикот;
7. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

ПОЕНИ
2 поени за успешно реализиран предизвик за период од 1 минута;

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 22 март - 23 април е завршено