Предизвик 22 (2 поени)

1. За овој предизвик потребни се: една тава и едно хартиено топче направено од весник или тоалет хартија (можете да употребите и селотејп ако сакате да го направите топчето поцврсто);
2. Ставете го топчето во тавата и почнете да жонглирате користејќи ја само тавата за да го контролирате топчето;
3. Предизвикот е да успеете да направите 30 или повеќе континуирани (без прекин) жонглирања за една минута;
4. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

ВНИМАНИЕ
Ќе имате повеќе успех во овој предизвик ако додека жонглирате, го фокусирате погледот на топчето и не го удирате ниту прејако, ниту преслабо;

 

ПОЕНИ
2 поени за направени 30 или повеќе континуирани (без прекин) жонглирања за една минута

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 22 март - 23 април е завршено