Предизвик 21 (2 поени)

1. За овој предизвик потребни се: 10 ролни тоалетна хартија, кревет или столица и соодветен простор во домот;
2. Направете кула од ролните тоалет хартија така што ќе наредите четири (4) ролни најдолу, па три (3) ролни над нив, па две (2) ролни како претпоследен ред и на врвот ја ставате последната ролна тоалет хартија;
3. Завземете положба веднаш до кулата со лицето свртни кон подот, подигнете ги нозете на креветот или столицата, дланките поставете ги на подот во ширина на рамениците, а рацете и телото држете ги исправени;
4. Од таа положба обидете се да ги префрлите ролните со тоалет хартија на другата страна од телото и да изградите иста таква кула;
5. Користете ја едната рака за да ги земате ролните од веќе изградената кула (десна рака ако кулата ви е од десната страна, лева ако кулата ви е од лева страна), а другата рака за да ги поставувате ролните на кулата што ја градите;
6. Предизвикот е да ја изградите новата кулата во рок од една минута;
7. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

ВНИМАВАЈТЕ!
Градете пополека бидејќи имате доволно време;
Држете го телото исправено од почетокот до крајот на движењето;
Користете ги наизменично и двете раце за да го пренесувате ролните тоалет хартија;

ПОЕНИ
2 поени за успешно реализиран предизвик во рок од една минута;

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 22 март - 23 април е завршено