Предизвик 2 (1 поен)

1. За овој предизвик потребна е една простирка и соодветно место за реализација на предизвикот;
2. Застанете исправено со составени стопала и рацете поставени покрај телото;
3. Подигнете едно стопало (левото или десното) и поставете го табанот од тоа стопало на внатрешноста од надколеницата на другата ногата;
4. Подигнете ги рацете и составете ги дланките пред градите, фокусирајќи го погледот во една точка за подобра рамнотежа;
5. Предизвикот е да останете во таа положба најмалку 20 секунди без да зазгубите рамнотежа и без да ги придвижите рацете или стопалото на коешто стоите;
6. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

 

ВАЖНО
-Фокусирањето на погледот во една точка може да ви помогне со рамнотежата
– Ако го придвижите стопалото на коешто стоите и / или ги поместите рацете и дланките од пред градите тогаш ќе треба да започнете од почеток.

ПОЕНИ
1 поен за успешно реализиран предизвик;

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар

Испраќањето на видеа за 3 февруари - 10 март е завршено