Предизвик 19 (1 поен)

1. За овој предизвик потребни се еден стап со средна должина (може и дршка од метла, сукало…) и соодветен простор за реализација на предизвикот;
2. Седнете на подот и подигнете го стапот над главата држејќи го со двете раце;
3. Подигнете ги двете нозе од подот (нозете може да бидат малку свиткани во колениците);
4. Од таа положба придвижете го стапот нанапред кон нозете, и префрлете ги нозете преку стапот, носејќи го стапот под нозете;
5. Од таа положба вратете го стапот во почетната положба над главата, со тоа што ќе ги префрлите нозете под стапот;
6. Стапот мора да го држите постојано со двете раце, а ниту нозете ниту стопалата не смеат да го допрат подот
7. Предизвикот е успешно да ги завршите двете движења (од положба на стапот над главата до положба на стапот под нозете и назад) без притоа стапот да ги допре вашите нозе или стопала;
8. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

ВНИМАНИЕ
Нема временско ограничување за остварувањето на овој предизвик, па затоа немојте да брзате и работете пополека;

ПОЕНИ
1 поен за успешно реализиран предизвик

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 22 март - 23 април е завршено