Предизвик 18 (1 поен)

1. За овој предизвик потребни се една простирка и соодветен простор за реализација на предизвикот;
2. На почетокот застанете исправено и ставете ги рацете позади телото со дланките споени една со друга (или едната дланка ја држи другата или прстите на рацете се испреплетени);
3. Од таа положба, држејќи ги рацете позади телото и дланките постојано споени, легнете доле на подот на стомак, потоа свртете се на грб, па повторно на стомак;
4. Од таа положба подигнете се во почетната положба, кога стоите исправено, повторно држејќи ги дланките споени позади телото во текот на целото движење;
5. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

 

 

ВНИМАВАЈТЕ
Изработете го овој предизвик пополека и немојте да брзате за да не го удрите лицето во подот и да не се повредите;
Дланките треба да бидат споени една со друга (или едната дланка ја држи другата или прстите на рацете се испреплетени) во текот на целото движење;

ПОЕНИ
1 поен за успешно реализиран предизвик;

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 22 март - 23 април е завршено