Предизвик 15 (3 поени)

1. За овој предизвик потребна е една простирка и соодветно место за реализација на предизвикот;
2. Најпрво загрејте ги прстите на рацете и рачниот зглоб;
3. Потоа завземете чучната положбата со колениците свиткани и поставете ги рацете на подот пред нозете, покрај стопалата, со прстите на рацете насочени нанапред;
4. Од таа положба, поставете ги колената така што тие со внатрешниот дел ќе се потпираат на свитканите лакти;
5. Наведнете се нанапред префрлајќи ја својата тежината целосно на рацете, така што стапалата ќе бидат подигнати од подот;
6. Предизвикот е да ја задржите таа позиција најмалку 8 секунди;
7. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

 

 

ВНИМАВАЈТЕ
– На почетокот можеби нема да можете да ги кренете стапалата целосно од подот, но со редовно вежбање сигурно ќе успеете во тоа;
– Овој предизвик е вистински тест за рамнотежа и на почетокот може да се наведнувате премногу нанапред и да паѓате напред, што е сосема нормално;
– Потрудете се да го изведувате овој предизвик во безбедна средина и слободно користите перници за да не се повредите при пад нанапред;

ПОЕНИ
3 поени за успешно реализиран предизвик;

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 3 февруари - 10 март е завршено