Предизвик 14 (3 поени)

1. За овој предизвик потребни се: една топка со средна големина (најдобро е кошаркарска топка, но може и друга топка со слична големина која добро ќе отскокнува од подот) и соодветен простор во домот;
2. Раширете ги малку нозете, свиткајте ги малку колениците и пуштете ја топката да отскокне од подот помеѓу вашите нозе;
3. Потоа започнете наизменично да ја тапкате топката со едната па другата рака пред вашето тело, а потоа со едната па другата рака позади вашето тело
4. Не престанувајте со тапкањето на топката и правете правилни и целосни циклуси од ова движење (една рака напред, друга рака напред, една рака позади, друга рака позади);
5. Предизвикот е да направите 5 повторувања/циклуси на оваа вежба без притоа топката да тапне два пати на подот помеѓу допирите со рака и без да го нарушите форенаведениот ритам;
6. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

ВНИМАВАЈТЕ
– Не ја удирајте топката, туку туркајте ја надолу со движење на дланката и раката горе долу во рачниот зглоб и лактот
– Потешко е да го реализирате предизвикот ако го држите телото сосема исправено. Свиткајте го малку телото во колениците и колковите.
– Ако изгубите контрола на топката или ја тапкате двапати по ред со истата рака, морате да почнете од почеток

ПОЕНИ
3 поени за успешно реализиран предизвик;

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 3 февруари - 10 март е завршено