Предизвик 12 (3 поени)

1. За овој предизвик потребни се еден лист хартија со големина А4 и соодветен простор за реализација на предизвикот
2. Најпрво свиткајте го листот на половина (по должина за полесен предизвик, или по широчина за потежок предизвик) и поставете го исправен на подот пред вашите нозе.
3. Завземете положба стоејќи на една нога (десна или лева), а рацете можете да ги поставите каде што сакате (на половината, раширени на страна….)
4. Предизвикот е од таа положба да се наведнете и клекнете надолу, стоејќи постојано само на една нога, да го фатите листот со вашата уста, и потоа да се исправите и да го подигнете листот. Не е дозволено да го допрете подот со рацете или со другата нога.
5. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

 

ВНИМАВАЈТЕ
– Ако изгубите рамнотежа и го допрете подот со рака / раце или со другата нога, тогаш ќе мора да почнете од почеток;

ПОЕНИ
3 поени за успешно реализиран предизвик;

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 3 февруари - 10 март е завршено