Предизвик 11 (3 поени)

1. За овој предизвик потребни се: еден пар патики и соодветен простор во домот;
2. Легнете на грб и облечете ја едната патика (вие одлучете дали на десната или левата нога);
3. Подигнете ја ногата со облечената патиката, така што долниот дел од стопалото е насочен нагоре, и ставете ја со рака другата патика на истото стопало така што долните делови (ѓоновите) од двете патики да се допираат;
4. Предизвикот е од почетната положба да се завртите на едната страна и да се поставите во положба легнати на стомак, без притоа да ви падне патиката;
5. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

ВНИМАВАЈТЕ
– Не е дозволено да ја придржувате патиката со рака или нога додека го реализирате предизвикот;
– Предизвикот изгледа полесен од што навистина е, но со малку труд и вежба можете без проблем да го реализирате.

ПОЕНИ
3 поени за успешно реализиран предизвик во рок од 1 минута

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 3 февруари - 10 март е завршено