Предизвик 10 (2 поени)

1. За овој предизвик потребни се една простирка и соодветно место за остврување на предизвикот;
2. Завземете положба клекнати на простирката така што вашите коленици и потколеници се наоѓаат во контакт со подот, а прстите од нозете се исправени и насочени кон назад;
3. Телото е исправено, а рацете се во положба позади телото;
4. Предизвикот е од таа положба да замавнете со рацете нанапред, да се отурнете од подот и да доскокнете на вашите стопала задржувајќи ја таа положба најмалку три секунди;
5. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

 

 

 

ВНИМАВАЈТЕ
– Не е дозволено да се турнете со рацете нагоре, ниту пак да ги свитката прстите на нозете под телото за да ви помогнат при изведувањето на вежбата;
– Силното замавнување со рацете нанапред ќе ви помогне успешно да го завршите предизвикот;

ПОЕНИ
2 поени за успешно реализиран предизвик;

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 3 февруари - 10 март е завршено