Предизвик 1 (1 поен)

1. За овој предизвик потребни ви се еден училишен ранец/торба, една ролна тоалетна хартија и соодветен простор за реализација на предизвикот;
2. Отворете го училишниот ранец / торба и ставете го на грбот;
3. Застанете исправени и држете ја ролната тоалетна хартија пред вас (со едната или двете раце);
4. Предизвикот е да ја фрлите ролната тоалетна хартија наназад преку вашата глава, директно во отворениот ранец/торба;
5. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

ВНИМАВАЈ
– Остварувањето на овој предизвик можеби изгледа тешко на почетокот но е многу забавно;

 

ПОЕНИ
1 поен за успешно реализиран предизвик;

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице кога се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар.

Испраќањето на видеа за 3 февруари - 10 март е завршено