Предизвик 16 (1 поен)

1. За овој предизвик потребен ви е само соодветен простор за реализација на предизвикот;
2. Застанете исправено и спојте ги дланките пред вашето тело со испреплетени прсти;
3. Од таа позиција обидете се прво едната, а потоа другата нога да ја префрлите помеѓу и преку рацете, доведувајќи ги рацете во позиција позади телото, со дланките на долниот дел од грбот;
4. Од таа положба повторно префрлете ја едната па другата нога наназад, помеѓу и преку рацете доведувајќи ги рацете во почетната позиција пред телото;
5. Важно е двете раце да останат споени во текот на целото движење;
6. Прифатете го предизвикот и бидете активни !

 

ВНИМАВАЈТЕ
Немојте да ги одвоите рацете бидејќи ќе треба да започнете од почеток;
Прашајте го вашиот наставник за совет како поуспешно да го рeализирате овој предизвик;

ПОЕНИ
1 поен за успешно реализиран предизвик

ВНИМАНИЕ
Препорачуваме сите деца помлади од 18 години да бидат супервизирани од страна на возрасно лице ког се обидуваат да ги реализираат овие предизвици. Сите учесници учествуваат на сопствен ризик. Организаторот не превзема одговорност во случај на повреда или штета настаната како последица од учеството во овој проект и натпревар

Испраќањето на видеа за 22 март - 23 април е завршено